Велверде ќе биде новиот тренер на Барселона

by
0 минути читање

„Ел Мундо Депортиво“, весникот близок до Барселона тврди дека Ернесто Велверде ќе биде новиот тренер на каталонскиот клуб, тој ќе потпише две годишен договор со можност за продолжување на уште една сезона.

Официјалната промоција на Велверде како тренер на Барселона ќе биде во понеделник на 29. мај, два дена по финалето во Купот на Шпанија.

Велверде како фудбалер има играно две сезони за Барселона од 1988 до 1990 година. Тој ќе го замени Луис Енрике кој одлучи да замине од Камп Ноу по крајот на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани