Велковски: Со Вардар ќе си помогнеме взаемно, имаме добра екипа за мак-фудбалот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Вардар во втората полусезона ќе влезе со неколку засилувања. Дарко Велковски е повратник во Вардар, човек кој ќе заигра пак во мак-фудбалот.

Во моментов Вардар мене ми помогна, а јас ќе му помогнам и на Вардар сигурен сум во тоа. Во последни година и пол не бев како што треба, доста мечеви имав пропуштено и се надевам тука ќе го фатам ритамот. Колку можам ќе придонесам. Имаме добра екипа за македонскиот шампионат, ако сме како што треба знам дека ќе ја освоиме титулата. Повеќето играчи ги познавам, неколку странци не ги познавам, а од македонските играчи запознаен сум со нив. Ми треба неколку дена да се спремам, па ќе видиме што ќе биде понатаму. Се надевам на голема минутажа, а целта до крајот на оваа сезона се знае, прво место и Куп-титула, потоа и настап во Европа“, изјави Велковски.

Освен македонскиот репрезентативец, своите очекувања ги сподели и српското засилување Стефан Цветковиќ, кој кажа:

Луѓето во клубот ме побараа да дојдам овде и благодарам што покажаа дека веруваат во мене, а јас ќе се трудам да им вратам со партии на теренот и да помогнам. Вардар е најголем клуб не само во Македонија, туку и во регионот. Тоа ме привлече, ќе дадам се од себе да дојдам првак. Доаѓам на позиција на играч кој беше најдобар стрелец и се надевам ќе успеам да го надополнам неговото отсуство. Македонската лига сум ја прател порано, знам за каква лига се работи. Тоа е нешто како Суперлигата на Србија каде доаѓам и се надевам дека брзо ќе се прилагодам на сите услови“.

Вардарци утре ќе играат пријателски натпревар против Осогово на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, а средбата ќе биде од хуманитарен карактер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×