Велковски конечно најде нов клуб

by riste
1 минути читање

Македонскиот дефанзивец, Дарко Велковски стави потпис на договор со унгарскиот клуб, Нирегихаза Спартак кој се бори за опстанок во најдобрата лига од оваа земја.

29-годишниот Велковски беше без клуб во првиот дел од сезоната, сега конечно најде средина во која ќе ја продолжи кариерата.

Дефанзивецот стави потпис со Нирегихаза на договор до крајот на сезоната со опција за продолжување на соработката.

Велковски до јуни минатата година беше член на Динамо од Романија, претходно играше за Ал Етифак, Ријека, Вардар и Работнички.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани