148
Екипата на
Сараево обезбеди место во осминафиналето од Купот на БиХ откако минимално со
0-1 славеше на гостувањето кај Вележ, единствениот гол од средбата беше
постигнат во 58. минута, а истиот е дело на нашиот Крсте Велкоски.
Македонскиот
напаѓач биеше на фантастичен начин упатувајќи ја топката кон голот на
домаќините со волеј удар што беше неодбранлив за чуварот на мрежата од голот на
Вележ, голот многу наликува на оној легендарниот во финалето од Лигата на
шампионите кој го постигна Зинедин Зидан против Баер Леверкузен.