Велеа дека нема да игра бидејќи му е ладно, а Меси даде фантастичен гол во Канзас! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Лионел Меси веројатно го одигра најладниот натпревар во својата кариера, а пред мечот се споменуваше и дека поради таа причина нема да заигра за Интер Мајами.

Сепак, Аргентинецот беше на теренот против Спортинг во Канзас Сити и донесе триумф од 0-1 во првиот меч од 1/16 финалето на КОНКАКАФ Купот на шампион. Меси го постигна единствениот гол на мечот на стартот на вториот дел и тоа со десна нога.

Интересно е дека времето во Канзас Сити е алармантно ладно. На почетокот на натпреварот температурата беше неверојатни -14 степени по целзиусовата скала, со „real feel“ до -23 степени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×