Велат љубовта постои само на филмовите, Бешикташ измисли нов начин на презентација на засилувањата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Турскиот првак Бешикташ
кој е едно од најпријатните изненадувања во Лигата на шампионите оваа сезона,
очигледно е доста иновативен во комуникацијата со своите фанови на социјалните
мрежи.

Интересен беше
претходниот начин на презентацијата на
новите засилувања со она добро популарно
„Дојди во Бешикташ“, кога еден член на тимот се појавуваше во видеото со
телефон во своите раце и го повикува новиот член, а овој потврдува.

Овој пат, тимот од
Истанбул има новитет на ова поле, па на уште поинтересен начин го претстави
искусниот бразилски напаѓач Вагнер Лав.

class="twitter-video" data-lang="en">


pic.twitter.com/ve7cK1tr2z

„Велат љубовта постои
само на филмовите“ почнува најавата асоцирајќи на името на фудбалерот кој
претходно настапуваше во Монако, ЦСКА Москва, а во Истанбул се сели од редовите
на Аланијаспор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×