Велат дека не го исполни потенцијалот поради турбулентниот приватен живот, а сега екс-ѕвездата на Арсенал ќе се жени со – порно актерка!

by 24 фудбал
1 минути читање

Николас Пепе, едно од најскапите засилувања во историјата на Арсенал не успеа да ја изгради кариерата која му се прогнозираше, а причината според англиските медиуми лежи во проблемите од приватниот живот.

Пепе се разведе од сопругата Фани Б и од семејството со кое има две деца. По разделбата, утеха пронашол во поранешната порно актерка Теана Трамп, со која англиските медиуми тврдат дека наскоро ќе стапи во брак. Теана Трамп има повеќе од 1,3 милиони следбеници на Инстаграм, па врската брзо стана тема на интерес.

Според истите извори, нивната љубов започнала во 2024 година, во периодот кога Пепе го напушти својот семеен живот и се сврте кон сосема поинаква насока и приватно и професионално.

Англиските медиуми долго време пишуваа дека падот на Пепе дојде од турбулентниот приватен живот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×