Веќе се знае името на новиот селектор на Србија, јавноста ќе биде задоволна

by riste
1 минути читање

По вчерашниот тежок пораз од Албанија, Драган Стојковиќ – Пикси поднесе оставка од селекторската позиција, а „Арена“ веќе го објави името на новиот селектор.

Според овој медиум, нов селектор ќе биде Вељко Пауновиќ кој неодамна доби отказ од Овиедо.

Многумина сметаа дека отказот од шпанскиот клуб му беше неправедно даден со оглед на тоа што го внесе овој тим во Ла Лига и тоа после многу долго време. Но, од оваа гледна точка, заминувањето од Овиедо се случи во идеален момент за Пауновиќ.

Тој во Србија се памети и како селектор на младата репрезентација на Србија (U-20), со која во 2015 година триумфира на Светското првенство.

Србија веќе ги загуби реалните шанси за пласман на Светското првенство, па целта на Пауновиќ ќе биде да ја подобри атмосферата и играта на репрезентацијата и да се пласира на следното големо натпреварување, а тоа ќе биде ЕП 2028.

Наскоро се очекува Пауновиќ и официјално да биде потврден за селектор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×