Веќе нема дилеми, позната е иднината на Зидан!

by riste
0 минути читање

Денеска се појавија гласини дека Зинедин Зидан би можел да се врати во Реал Мадрид, но тоа нема да се случи.

„Л’Екип“ ги негираше ваквите гласини со вест дека Франција почнала процес за назначување на Зидан за селектор по крајот на Светското првенство 2026 година.

Одамна се шпекулираше дека Зидан ќе биде следниот селектор на Франција, а тоа официјално ќе се случи оваа година.

Дидие Дешан ќе го води националниот француски тим и на Мундијалот, а потоа ќе се повлече и ќе му го отстапи местото на Зинедин Зидан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×