Веќе нема дилеми, Модриќ го ставил потписот на договор со Милан!

by riste
0 минути читање

Големата хрватска и светска фудбалска легенда, Лука Модриќ синоќа го одигра последниот натпревар за Реал Мадрид, а сега ја започнува преселбата во Милан кој ќе биде негов следен клуб.

Фабрицио Романо утринава потврди дека работата е завршена. Како што и се шпекулираше претходно, Модриќ доаѓа во Милан.

Хрватот веќе потпишал едногодишен договор со Милан со трајност до јуни 2026 година.

Наскоро се очекува да стигне и официјална потврда од Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×