79
Македонија во Струмица на стадионот „Младост“ го
пречекува аутсајдерот во групата „Г“ од квалификациите за СП Русија 2018, а во
последното коло од овие квалификации можеме да финишираме со победа.
Енис Барди, големиот мајстор за слободни удари доби
прилика уште во 8. минута да погоди против Лихтенштајн, но неговиот обид од
слободен удар близу казнениот простор на гостите беше неуспешен, биеше само во
живиот ѕид.
Она што е интересно во оваа ситуација, е тоа што
капитенот Пандев отспапи во однос на тоа да го изведе слободниот удар, а во
прилика да бијат беа Енис Барди и Езгјан Алиоски, се чини дека пресуди
публиката која почна да извикува „Барди, Барди…“.