Вејн Руни прави шокантен кам-бек на „островото“, Англичанецот ќе биде играч-тренер на Дерби Каунти?!

by
1 минути читање

Дерби неодамна го именуваше Филип Коку за нов тренер откако Френк Лампард го напушти клубот и го превзеде кормилото на Челси.

Според пишувањата на Телеграф, популарните „овни“ сега се во контакт со Вејн Руни, за поранешниот играч на Манчестер јунатјед и Евертон да направи кам-бек на „островото“.

Весникот пренесува дека се остварени прелиминарни преговори помеѓу лидерите на Дерби и агентот на Вејн Руни. Идеата е Англичанецот да биде дел од тренескиот персонал на Филип Коку но и да го предводи нападот.

Се очекува двете страни во скоро време да имаат нова средба. Вејн Руни во моментов настапува во САД во редовите на ДиСи Јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×