Вејн Руни повторно ја раздвижи англиската јавност со силна порака во која Хари Кејн го постави на самиот врв на англискиот фудбал. Според легендата на Манчестер Јунајтед, напаѓачот на репрезентацијата на Англија минува низ еволуција која многу го потсетува на развојот на Кристијано Роналдо во годините кога делеле соблекувална на Олд Трафорд.
Кејн веќе го држи рекордот по постигнати голови во дресот на Англија и се очекува наскоро да ги собори и бројките по вкупни настапи. Доколку ја освои и една голема титула со националниот тим, тешко дека ќе остане аргумент против тезата дека е најдобар англиски фудбалер во историјата.
Руни во интервју за „The Overlap“ објасни зошто верува дека Кејн ќе ги надмине имињата како Боби Мур, Боби Чарлтон, Кевин Киген, Брајан Робсон, Пол Гаскоњ, Дејвид Бекам, Гери Линекер и Алан Ширер.
„Само головите кои ги постигна и неговите партии. Очекуваш дека ќе го собори и рекордот по број на настапи, ако се гледа на која бројка се наоѓа сега. Само мислам дека начинот на кој се разви како играч е неверојатен. Ме потсетува на Кристијано од нашите денови во Јунајтед, додека беше уште млад.
Понекогаш шутира од луда позиција и се прашуваш што прави, зошто шутира од таму. Можеби ќе му кажеш да додаде, но него не го интересира, ќе проба повторно и повторно со десна и со лева. Мислам дека тој, за мене, е најдобриот англиски фудбалер на сите времиња. Бројките кои ги постигнува се неверојатни.“