Вегхорст ја раскажа својата страна на приказната: Не разбирам многу шпански, но Меси ме разочара

by
1 минути читање

Вут Вегхорст и Лео Меси имаа недоразбирање по крајот на синоќешниот натпревар, Аргентинецот додека даваше интервју за медиумите, му дофрли нешто на Холанѓанецот.

Ѕвездата на ПСЖ се правдаше дека противниците многу провоцирале па затоа тој реагирал.

Вут Вегхорст излезе со сосема друга приказна, вели дека имал големо почитување за Лео Меси па сакал само да му пружи рака.

„Имам големо почитување за Лео Меси како фудбалер, па по крајот на натпреварот сакав само да му подадам рака, но тој одби и само ми ја турна раката. Мојот шпански не е толку добар, но збоорвите кои ги кажа не беа убави, навистина сум разочаран“ – објасни напаѓачот, кој со два гола ја врати Холандија во живот и го однесе натпреварот во продолженија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани