„Веднаш би го купил“ – Нејмар продолжува да агитира за трансфер на Кутињо во Барселона

by
2 минути читање

24 годишниот
Филипе Кутињо оваа сезона прикажува импресивни перформанси па се говори за
негов трансфер во Барселона, каде ќе треба да биде наследник на Андрес Иниеста.

Ливерпул не сака
да го продаде Бразилецот и на почетокот од годината го награди играчот со нов
побогат пет годишен договор.

Но „Каталонците“
продолжуваат да вршат притисок и го користат влијанието на Нејмар во намерата
да стигнат до Филипе Кутињо.

Двајцата се добри
пријатели и заедно играа во младинските категории на Бразил, а сега се клучни
алки и во сениорскиот тим на „Кариоките“.

„Веднаш би го
купил
– вели Нејмар во
разговор со Мундо Депортивно.

Тој е играч кој
можам да го видам во дресот на Барселона
,

Пред само неколку
дена ѕвездата на Барса исто така говореше на оваа тема и тогаш рече: „Има еден
играч од Премиерлигата кој би сакал да го имам во Барса, а тоа е Кутињо
.

„Верувам дека
Кутињо целосно ќе се вклопи во Барселона
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани