Вечерва се пополнуваат последните европски места за Мундијалот!

by Стефан
1 минути читање

Денеска на програмата се четири финални дуели од баражите за пласман на Светското првенство и од нив уште четири селекции ќе си обезбедат место на Мундијалот ова лето.

Дуелот кој привлекува можеби најмногу внимание го играат Босна и Херцеговина и Италија, домаќините се Босанците на теренот во Зеница каде што Италијанците по две елиминации во баражите ќе се обидат конечно да дојдат до Мундијал.

БиХ немаше фаворитска улога против Велс, меѓутоа по драма и пенали успеа да слави, интересно беше што Италијанците се израдуваа на нивната победа затоа што го сметаа Велс за потежок противник.

Интересно може да биде и на Косово каде што гостува Турција како голем фаворит која има одлична генерација и верува дека ќе биде дел од Светското првенство.

Чешка и Данска ќе ги одмерат силите во нашата бараж група во која ние загубивме од Данците, а Чесите беа подобри од Ирска. Последното финале е средбата меѓу Шведска и Полска. Терминот за сите натпревари е 20:45 часот.

БиХ – Италија
Косово – Турција
Чешка – Данска
Шведска – Полска

Можно е и ова да ти се допаѓа

×