Вчерашната асистенција на Куртоа не му беше прва сезонава во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа славеа убедлива победа над Манчестер сити со 3-0, а хет-трикот на Федерико Валверде го одбележа натпреварот. Меѓутоа, во дуелот се истакна и голманот Тибо Куртоа.

Белгиецот имаше неколку фантастични интервенции, особено во 75. минута кога одбрани шут од близина на Ница О’Рејли. Но освен тоа успеа да запише и асистенција за првиот гол на Реал, кога од својот шеснаесетникмајсторски ја испрати топката до Валверде, а Уругваецот матираше Џанлуиџи Донарума.

Особено интересно е што ова беше втора асистенција на Куртоа во Лигата на шампионите оваа сезона. Претходно, во лигашкиот дел од сезоната асистираше и против Кајрат, тогаш од својот простор успеа да го пронајде Килијан Мбапе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×