Вчера постигна гол за својот тим, а денеска за 35 милиони фунти потпишува за Ливерпул

by Стефан
1 минути читање

Ливерпул не застана само на мегатрансферот на Александар Исак, кој стана најскап во историјата на британскиот фудбал и трет највисок воопшто, клубот од „Енфилд“ успеа да договори уште едно засилување во последниот ден од преодниот рок.

Новото име во тимот на Арне Слот е Марк Гуехи, кој доаѓа од редовите на Кристал палас. „Црвените“ за услугите на 25-годишниот дефанзивен фудбалер од средниот ред ќе платат 35 милиони фунти, а Палас дополнително си обезбеди и 10% од неговата следна продажба.

Гуехи уште претходно даде зелено светло за преселба во Ливерпул, но се чекаше дали ќе има договор помеѓу клубовите.

Интересно што тој вчера настапи за Кристал палас против Астон вила и беше стрелец на вториот гол во победата од 3-0.

Фото: Crystal Palace/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

×