Вчера Врсаљко, денеска Видал

by
1 минути читање

Вчера вечер пристигна веста дека Интер и Атлетико Мадрид го договориле трансферот на Шиме Врсаљко. Хрватот на „Џузепе Меаца“ ќе пристигне прво на позајмица за 6,5 милиони евра, а потоа Нероазурите ќе можат да го откупат целосно за 17,5 милиони евра.

Ова е враќање на Врсаљко во Серија А, пред да замине за Алтетико Мадрид играше во Сасуоло.

„Газета дело Спорт“ денеска пишува дека на пат за Милано е и играчот на Баерн Минхен, Артуро Видал.

И овој трансфер е договорен слично на оној на Врсаљко. Интер ќе плати прво за позајмица на Видал, а следното лето комплетно ќе го откупи за околу 20 милиони евра.

Се очекува Видал кој порано играше за Јувентус да потпише тригодишен договор со Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×