Во Втората македонска лига денеска се одигра дербито во Сингелиќ во кое екипата на Брегалница освои важни три бода во битката за врвот со Шкендија Арачиново (2-1).
Домашната екипа добро започна и во почетните минути преку Љамалари дојде до водство. Но, гостите тоа не ги откажа и во завршницата од првиот дел преку Карчески израмнија на 1-1.
Овој гол внесе дополнителна тензија во дуелот која кулминираше на крајот од првот дел. При излегувањето од теренот еден од редарите покрај теренот шутна фудбалер на штипскиот тим. Поради инцидентот доцнеше и почетокот на вториот дел, дуелот сепак продолжи. Но, со по едн исклучување на двете страни, екипите продолжија со по десет фудбалери.
Вториот дел не донесе нови инциденти, Брегалница до победата дојде со голот на Хусеин Демири.
Со овие три бода, Брегалница дојде до 30, два помалју од Шкендија која и понатаму е лидер.
ВМФЛ 13. КОЛО РЕЗУЛТАТИ:
Беласица – Новаци 0-1
Детонит – Преспа 1-1
Скопје – Тетеекс 2-1
Осогово – Вардар Неготино 5-1
Победа – Кожуф Гевгелија 0-1
Слога Виница – Каменица Саса 2-6