Фудбалерите на Њукасл забележаа многу важна победа во борбата за пласман во Лигата на шампионите, откако во 31. коло на Премиер лигата славеа со 0-3 кај Лестер на „Кинг Пауер“.
Џејкоб Марфи беше херој на стартот за тимот на Еди Хау бидејќи постигна два гола, во втората и 11 минута од средбата за двојна предност. Веќе во 34 минута погоди и Харви Барнс, па Њукасл веќе на полувреме имаше сигурно водство и речиси завршена работа.
Така и беше, бидејќи во второто полувреме немаше погодоци на двете страни.
Њукасл стигна до 53 бода на петтото место, исто колку и Челси кој има меч повеќе. Лестер пак веќе гледа кон Чемпионшип и пакува куфери за втора лига. „Лисиците“ имаат 17 бода по 31 коло, до крајот во игра се уште 21 бод, а тие имаат минус од 15 зад Вулверхемптон кој е прв безбеден.