Важен потпис во Барселона: Клаузулата е 500 милиони евра!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Барселона денеска ги израдува навивачите со објавување на информацијата дека младиот Марк Бернал ставил потпис на нов договор.

Во новата соработка со 18-годишниот фудбалер е вклучена и откупна клаузула од 500 милиони евра, што најдобро покажува колку клубот верува во неговиот потенцијал.

Бернал минатата сезона одлично започна, но потоа дојде тешката повреда поради која паузираше една година, а сезонава се врати и ќе се бори за место во тимот на Ханси Флик.

Целата своја досегашна кариера, Бернал ја помина во Барселон каде што започна во познатата „Ла Масија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×