„Vavel“ за Енис Барди: Македонецот е ѕвезда број еден во Леванте (ФОТО)

by
1 минути читање

Интернационалниот спортски весник „Vavel“ со специјално издание за 22 годишниот македонски интернационалец од редовите на шпанскиот прволигаш Леванте, Енис Барди.

Македонскиот фудбалер кој игра на средината од теренот е
моментално ѕвезда број еден во Леванте и добива одлични коментари по секој меч

пишува истиот медиум притоа додаде и неколку пофалби за тоа како се адаптирал
нашиот интернационалец во Примера.

Македонецот се развива перфектно, тој не само што
постигнува голови, туку и има способност да го предводи тимот, воедно и да го
организира, да упатува одлични асистенции за своите соиграчи и да биде голема
опасност во противничката половина
“ додава „
Vavel.

Барди засега има осум настапи за тимот каде премина ова
лето, а забележа и три погодоци, шанса за ново одлично издание Македонецот ќе
бара на гостувањето кај Еибар во недела, во рамките на десеттото коло од
Примера.


Извор: vavel.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани