144
Ватфорд спаси бод на домашен терен, играјќи со резултат 3-3 против Ливерпул, во мошне возбудлив меч во воведното коло од Премиерлигата.
Окака најпрво по
осум минути игра ги доведе домаќините во водство од 1-0, Мане во 29. минута израмни
на 1-1, но Ватфорд замина со предност на паузата по голот на Дукуре во 32. минута.
Во второто полувреме
гостите со погодоците на Фирмино од пенал во 55. минута и две минути подоцна на
Салах направија комплетен резултатски, но водството траеше се до 90. минута кога Бритос обезбеди реми за домаќините во самата завршница.