Манчестер
јунајтед обезбеди нови три бода во битката за место во топ четирите екипи
сезонава во Премиерлигата откако денеска славеше со 2-1 над Ватфорд пред своја
публика, а резултатот по првите 45 минути игра гласеше 1-0 за домаќините.
Рашфорд го доведе
тимот на Солскјер во почетно водство од 1-0 во 28. минута од таа пресметка, со
што се најавија трите бода за тимот од Олд Трафорд.
Во второто
полувреме Марсијал во 73. минута го дуплираше водството на домаќините, а мала
неизвесност во завршницата донесе Дукуре
со голот откако намали на 2-1, но, тоа беше само гол за утеха за гостите.
Со оваа победа,
тимот на Солскјер се израмни со Тотнем на делба на третото место на табелата
во Премиерлигата, а Тотнем утре гостува кај Ливерпул во дербито на 31 коло од
најсилниот англиски фудбалски шампионат.
Резултати:
Фулам – Манчестер
Сити 0:2
Брајтон –
Саутемптон 0:1
Барнли –
Вулверхемптон 2:0
Кристал Палас –
Хадерсфилд 2:0
Лестер – Борнмут 2:0
Манчестер
јунајтед – Ватфорд 2:0
Со почеток од
18,30 часот се среќаваат Вест Хем и Евертон, а утре играат Кардиф – Челси (15,05),
Ливерпул – Тотнем (17,30),
а ова коло ќе се комплетира со дуелот во понеделник помеѓу Арсенал и Њукасл (21,00).
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на БетАдриа и добиј до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.