Васоски: Против Работнички одиме на трите бода!

by riste
1 минути читање

Поразот од Вардар е минато, фокусот на Силекс е на денешниот натпревар против Работнички на кој исто така се домаќини.

Тренерот Александар Васоски кој е суспендиран и нема да биде на клупата, вели дека целта од овој меч како и од секој друг се трите бода.

„Фокусот наш е и на првенството и на Купот. Во секој меч одиме без калкулации, секогаш на три бода. Сакаме да избориме излез во Европа, без разлика преку кое натпреварување е тоа, и ќе се бориме до крајот на првенството таа цел да ја исполниме“, рече Васоски.

„Игравме пред десетина дена со нив. Станува збор за незгодна екипа, знае што сака, не игра лошо, и покрај тоа што позицијата на табелата е таква за нив како што е. Но, играме пред наша публика и ќе настојуваме да дојдеме до победа. Иако на домашен терен оваа пролет нешто не оди, не сакам да го обвинувам само теренот, и до нас е, мораме да се подобриме во таа концентрација во финишот, реализацијата, и еве се надевам дека од денеска па натаму ќе се промени тој тренд и ќе почнеме да победуваме и на домашен терен“, додаде тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×