Васоски: Да бидеме уште подобри и да ја освоиме титулата

by
1 минути читање

Вардар одигра изнанедувачки добра сезона ако се земат во предвид финансиските проблеми со кои се соочува. Ја освоија есенската круна и направија предност на врвот која во вториот дел од сезоната ќе треба да ја задржат.

Вардарци подготовките ги почнуваат на 9. јануари во Хиподром, а една недела подоцна заминуваат за Анталија каде ќе ја имаат главната фаза од припремите во која ќе одиграат и шест подготвителни меча.

„Прво да им честитам Нова година и Божиќни празници на сите симпатизери на Вардар. За нас ова ќе биде година во која ќе мора да ги потврдиме игрите од првиот дел, да бидеме уште подобри, да се подобриме во секое поле, и нормално сите ние и нашите навивачи посакуваме да ја заокружиме со титула. Што се однесува до подготовките, почнуваме на 9. јануари. Ќе тренираме во нашиот тренинг камп во Хиподром до 14. јануари, а потоа на 15. јануари заминуваме во Анталија каде ќе одиграме пријателски натпревари со цел да го издигнеме нашето ниво и нашиот систем на игра. Резултатите од контролите не се во прв план. Играчкиот кадар е добро познат на јавноста, сега останува уште подобро да се воиграме и подготовени да го дочекаме пролетниот дел“, изјави Васоски за официјалниот сајт на Вардар.

Вардар во Анталија ќе игра пријателски натпревари против Хајдук, Динамо Киев, Црвена звезда, Борац Бања Лука, Мура и со уште еден противник кој допрва треба да биде договорен.

Распоред на пријателските натпревари на Вардар:

20.01. – Вардар – Хајдук (Хрватска)

23.01. – Вардар – Динамо Киев (Украина)

26.01. – пријателски натпревар (противникот дополнително ќе биде објавен)

29.01. – Вардар – Црвена Звезда (Србија)

02.02. – Вардар – Борац Бања Лука (БИХ)

03.02. – Вардар – Мура (Словенија)

Фото: ФК Вардар

Можно е и ова да ти се допаѓа

×