Васоски: Целта на Силекс е повторно да играме во Европа!

by riste
1 минути читање

Силекс денеска ја почнува новата сезона во ПМФЛ, во Кратово од 17:30 часот го пречекува тимот на Брера.

Кратовскиот тим лани беше одличен, го освои второто место и настапи во квалификациите од Конференциската лига. Целта за оваа сезона е иста.

„Во минатата сезона го освоивме второто место, и во оваа на некој начин апетите пораснаа. Што се однесува до нашиот тим, си заминаа дел од клучните играчи. Меѓутоа донесовме замени, нови играчи кои се во фаза на адаптација. Ако биде се како што треба и ако успеат да се адаптираат, очекувам да избориме пласман во Европа, што е и наша цел во оваа нова сезона“, изјави Васоски за сајтот на ФФМ.

А првата задача до остварувањето на целта е да се победи Брера на утрешниот меч.

„И покрај тоа што ние имавме настапи во Европа и порано почнавме со подготовките, добро знаеме дека секогаш првите натпревари се тешки за играње за било кој тим. Можеби сме фаворити на хартија на овој прв натпревар во новата сезона, но треба да се оправда сето тоа и на теренот. Влегуваме во мечот без потценување кон противникот, и мислам дека ако бидеме вистинските, од нас ќе зависат многу работи од овој дуел со Брера. Голем респект кон Брера, на секој натпревар ќе истрчаме без потценување кон никого, и сметам дека ако бидеме на вистинското ниво ќе издвојуваме победа“, смета стратегот на Силекс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×