Васкез: Второто полувреме на Винисиус треба да им се даде на децата да го изучуваат!

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид со неверојатно второ полувреме ја победи Борусија Дортмунд со 5-2 иако во првото полувреме имаше негатива од 0-2. Винисиус со хет-трик потврди дека ја заслужува Златната топка.

Тоа беше уште еден фантастичен перформанс на Винисиус Жуниор, даде три гола и го предводеше Реал Мадрид до луд пресврт кој заврши со убедлива победа.

„По секој гол на Винисиус Жуниор вечерва му велев дека тој ќе ја освои Златната топка“, изјави Лукас Васкез кој беше стрелец на гол.

„Второто полувреме на Винисиус треба да им биде покажано на сите деца за да може да видат како се игра фудбал“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани