Добро познат е
трнливиот пат до успехот на Џејми Варди, напаѓачот започна од ниските лиги на
Англија за минатата сезона да експлодира во Премиерлигата и да заигра за
репрезентацијата на „Трите Лава“.
Џејми Варди во
еден период од кариерата работел и во фабрика, а Крег Шекспиер сега отрива нова
неверојатна приказна од животот на напаѓачот.
По трансферот во
Лестер во 2012, играчот имал лоша прва сезона со само пет погодоци па
размислувал да се збогува со фудбалот и да работи во ноќен клуб на Ибица.
„Добро се сеќавам
на ситуацијата” – вели менаџерот
на Лестер, кој во тоа време беше асистент.
„За среќа не
отиде на Ибица, ја донесе правата одлука”.
„Џејми Варди тогаш поминуваше низ бурен период, па јас, Најџел и Стив седнавме со него
да разговараме, му кажавме со какви атрибути располага и дека може да успее”.
„Не само што му
спомнавме дка е способен да игра во Премиерлигата, му кажавме дека има квалитет
да го облече и дресот на Англија”.
„Наша задача е да
им дадеме поддршка на играчите, тие често знаат да се посомневаат во самите
себе”.