12
Англиската фудбалска ѕвезда, Џејми Варди е прогласен за фудбалер на месец ноември во Серија А.
Со тоа тој стана првиот Англичанец кој е прогласен за фудбалер на месецот во италијанското првенство.
„Наградата за играч на месецот му е доделена на играчот на Кремонезе, Џејми Варди. Гласовите на навивачите преку интернет, во комбинација со индивидуални статистички податоци, го одредија Џејми Варди за добитник на признанието, победувајќи шампиони како Мењан (Милан), Лаутаро Мартинез (Интер), Нерес (Наполи), Остигард (Џенова) и Заниоло (Удинезе)“, пишува во соопштението на Серија А.