„Вардарците“ се вратија во Скопје, следат два дена слободни, потоа во мислите со Малме

by
1 минути читање

Според
информациите кои се објавени на официјалниот клупски сајт на Вардар, се вели
дека експедицијата на тимот синоќа се вратила во Скопје, откако претходно ги
заврши подготовките во Австрија.

Како за
потсетување, избраниците на Гоце Седлоски славеа во првата контролка со Адмира
со 2-0, но во останатите две загубија од Матерсбург и Тосно, минимално со по
0-1.

По враќањето,
фудбалерите на македонскиот шампион добија два слободни дена, продолжуваат со
тренинзите во среда, кога воедно мислите целосно ќе бидат насочени кон првиот
од предвидените два дуели со шведскиот првак Малме во второто квалификациско
коло од Лигата на Шампионите.

Првиот дуел
помеѓу овие две екипи е предвиден да се одигра на 12. јули во Малме, додека една седмица
потоа Вардар е домаќин, но на стадионот „Младост“ во Струмица.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани