Вардар ги одработи последните подготовки пред утрешниот европски предизвик. Куп-освојувачот на Македонија го одржа официјалниот тренинг пред дуелот со Ла Фиорита од Сан Марино, а во таборот на „црвено-црните“ владее единствена мисла – победа на стартот од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА.

Избраниците на Гоце Седлоски важат за апсолутни фаворити и ќе атакуваат на сигурен триумф во Скопје со кој би си олесниле работа пред реваншот во Сан Марино. Очекувањата се дека Вардар ќе прикаже офанзивен и допадлив фудбал пред своите навивачи.

Натпреварот се игра во четврток од 20:30 часот на Арената „Тодор Проески“. Средбата ќе ја води судиска тројка од Андора. Главен арбитар е Антоан Кјарамонти, а ќе му помагаат Хуан Гују Сера и Карлос Гончалвес. Четврти судија е Андреу Симаро.