Вардар првпат тренираше во градот Пјетракута во Италија, во пресрет на натпреварот против Ла Фиорита во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
Избраниците на Гоце Седлоски доцна синоќа пристигнаа во Италија, а денес првпат тренираа на еден од тренинг центрите на клубот од Сан Марино. Вардарци ќе имаат доволно време за аклиматизација за реванш натпреварот.
Ла Фиорита ќе го дочека Вардар в четврток во 21:00 часот. Скопскиот тим допатува на ова гостување со предност од 3-0.