Вардар киксна во Тетово каде ги загуби бодовите, но Шкендија не успеа да го искористи тоа, и таа беше поразена.
Ренова постигна по еден гол во двете полувремиња, и двата гола ги реализираше Гафури од пенал.
Шкендија можеше да дојде до -5, но доживеа дебакл во Велес откако прими четири голови од Борец.
Велешани имаа водство и од неверојатни 4-0, но Шкендија со два погодоци во финишот успеа да намали и да ги постави конечните 4-2.
Радовиќ беше двоен стрелец за Борец, Силва и Пречлец дадоа по еден. Алими ги даде двата гола за Шкендија.
Силекс со гол на Ивановски во деветата минута дојде до победа над Македонија Ѓорче Петров од 1-0.
Шкупи со 2-1 славеше на гостувањето кај Струга ТЛ. Вчера Работнички со 1-0 ја победи Академија Пандев.
Табела по 22 одиграни кола:
1. Вардар 43
2. Шкендија 35
3. Силекс 35
4. Македонија ЃП 29
5. Академија Пандев 28
6. Шкупи 28
7. Ренова 28
8. Струга ТЛ 25
9. Работнички 25
10. Борец 24
Фото: ФК Шкендија