Фудбалерите на Вардар денеска го играат натпреварот во Лозана во рамките од второто квалфицско коло во Конференицската лига и во него влегува со предност од 2-1 во првиот натпревар.
Лозана беше фаворит пред двомечот, но Вардар на теренот покажа дека може да се надигрува со швајцарскиот претставник. Победата во Скопје ја обезбедија Мато и Омерагиќ кои постигнаа по еден гол во првото и второто полувреме.
Вардар има предност, но дека работата е далеку од завршена потенцираше и тренерот Гоце Седлоски на вчерашната прес-конференција.
„Одигравме само едно прво полувреме од овој двомеч. Далеку дека било што е готово. Ние одиме утре да покажеме што можеме и колку можеме. Вардар ќе тргне максимално ангажирано, одговорно и прагматично. Ќе се обидеме максимално да сме фокусирани, и да ги искористиме шансите“, изјави Седлоски.
Околу составот неизвеен е настапот на Горан Закариќ кој се повреди во Сан Марино против Ла Фиорита и во Скопје не настапи. Капитенот на црвено-црните отпатува во Лозана, меѓутоа неговиот настап е неизвесен, но проблеми има и кај Лозана која ќе биде без Енцо Кана-Бијик кој се повреди на претходниот н атпревар.
Терминот за натпреварот во Лозана е 20:15 часот.