Вардар во проблеми, Тракаи обвинува: Максимов има валиден договор со нас!

by
1 минути читање

Шампионот на Македонија денеска го презентираше Максим Максимов како ново засилување, Русинот пристигнува на „Телеком Арена“ како најдобар стрелец во Лига Европа оваа сезона.

Но неговиот клуб Тракаи сега обвинува дека трансферот е нелегален. Тие објаснуваат дека Максим Максимов има валиден договор со нив, а тие и „Црвено-црните“ не си подале рака за трансфер.

„ФК Тракаи сака да соопшти дека Максим Максимов е фудбаелр на ФК Тракаи, договорот помеѓу клубот и играчот не е истечен. Тракаи исто така не доби никакво известување од Максим Максимов ниту пак неговите агенти за раскин на договорот или пак правни причини за прекин на соработката. Двете страни немаат постигнато согласност за раскин на договорот“ – гласи известувањето.

„ФК Тракаи и ФК Вардар немаат потпишано никаков договор за трансферот на Максим Максимов, ФК Тракаи немаат добиено формална понуда од ФК Вардар“.

„ФК Тракаи е изненаден и разочаран од вестите кои беа соопштени, и верува дека оваа зделка е направена несовесно, па како резултат на ова, Максимов и Вардар ќе се соочат со екстремно комплексна финансиска, и што е уште поважно, спортска ситуација“.

„ФК Тракаи веќе ангажираше двајца спортски адвокати кои ќе ги бранат интересите на клубот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани