Вардар тргна со подготовки за рестартот на сезоната, Васоски доби засилувања во стручниот штаб (ФОТО)

by
0 минути читање

Вардар тргна со
подготовки за предвидениот рестарт на сезоната во домашниот фудбалски
шампионат, лидерот во нашата најсилна дивизија во согласност со мерките и
препораките за заштита од коронавирусот, своите тренинзи почна да ги одработува
на тренинг центарот во Хиподром.

Шефот на
стручниот штаб на скопските „црвено-црни“, Александар Васоски доби и засилувања
во стручниот штаб, нему ќе му помагаат Филип Ивановски, Никола Глигоров и Филип
Спасески кои претходно работеа во младинскиот погон на клубот.

Фото:
fkvardar.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

×