Вардар со Итало ќе „пука“ по Фенербахче

by
1 минути читање

Вардар брзо ја најде замената за Балотели, потпиша со бразилскиот напаѓач Итало кој на трансфер пазарот вреди еден милион евра.

29-годишниот фудбалер доаѓа од Клуб де Регатас од Бразил и стави потпис на едногодишен договор со Вардар.

„Многу сум среќен сум што дојдов во Вардар и овој клуб за мене претставува нов предизвик во кариерата. Верувам дека брзо ќе се прилагодам на екипата и со нетрпение чекам да заиграм со моите нови соиграчи. Сега е на мене да почнам да тренирам со мојот нов тим и што побрзо да се подготвам за сезоната и да ги оправдам очекувањата од клубот. Пред да дојдам тука научив дека дека Вардар е најтрофејниот македонски тим и дека е три пати по ред шампион. Се надевам дека и во оваа сезона Вардар ќе успеее да ја одбрани титулата и повторно да биде шампион и да игра во Лигата на шампионите следната сезона. Исто така знам дека екипата игра во плеј-офот во Лигата на Европа против Фенербахче и се надевам дека Вардар ќе излезе како победник и ќе успее да помине во групната фаза“, порача новиот играч на „црвено-црните“ – изјави Итало за официјалниот сајт на Вардар.

Меѓу клубовите за кои Итало настапувал во својата кариера се и бразилските големци, Интернационал и Сао Паоло, а играл и за Маритимо од Португалија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани