Вардар со Ѓорѓе Ќосиќ ја засили дефанзивната линија

by riste
0 минути читање

Вардар денеска го објави ангажманот на 28-годишниот фудбалер Ѓорѓе Ќосиќ од Босна и Херцеговина кој настапува на позициите централен дефанзивец и лев бек.

Ќосиќ во Вардар доаѓа од екипата на Тузла Сити. Во минатото има настапувано за екипите на Шахтар Караганди, Младост ГАТ, Борац БЛ, Зрински, Витез и Звијезда 09.

Со екипата на Борац БЛ во сезоната 2020/2021 бил шампион на Босна и Херцеговина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани