Вардар со гол од пенал во 97. минута славеше над Брера (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Брера, одиграа одличен натпревар на гости кај Вардар во Скопје, но на крајот победата ја однесоа домаќините со 1-0.

Играа струмичани цврсто и не му дозволуваа на фаворитот да создава сериозни прилики за гол, па се играше најмногу на средината од теренот. Таква беше сликата речиси 90 минути, а клучниот момент се случи во самата завршница.

Вардар во последните моменти од средбата доби пенал по игра со рака на гостински фудбалер и најстрогата казна во гол во 97-ма минута ја претвори Закариќ.

Со овој триумф Вардар доаѓа до 58 бода на врвот на табелата, Шкендија со натпревар помалку има 52.

Зошто беше досуден пеналот можете да погледнете – ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×