Вардар со „една нога“ во финале, Струга со пресврт до победа во Тетово

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Вардар заврши голема работа и со победата од 3-0 над Брера во првиот полуфинален натпревар веќе е со една нога во финалето.

Резултатот беше отворен во 26. минута кога по едно нафрлување во шеснаесетникот мрежата на струмичкиот клуб ја затресе Сењор. Фудбалерите на Брера во оваа ситуација реагираа барајќи недозволена позиција, но судијата не го поништи голот.

Пред крајот на првото полувреме во листата на стрелци се запиша и Хрватот Матиќ за предност на Вардар од 2-0. Конечните 3-0 во вториот дел ги постави Закариќ со голот во 56. минута.

Во вториот натпревар Струга на гости во Тетово славеше против Шкендија со 1-2 и така си обезбеди предност за реваншот во кој ќе игра на домашен терен. Рамадани во првото полувреме погоди за домаќините директно од корнер, додека за пресврт во вториот дел стрелаа Укпа и Радески.

Вторите натпревари се закажани за 23 април.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани