Вардар слави во градското дерби со Работнички и го презема врвот во ПМФЛ

by bojan
1 минути читање

„Црвено-црните“ со 3-1 го добија скопското дерби против Работнички, најтрофејниот македонски клуб со овие три бода се најде на лидерското место во Првата лига.

Вардар нареди четири победи, момците на Седлоски вечерва славеа во градското дерби против Работнички.

Популарните „романтичари“ успеаја да го шокираат фаворитот и веќе во 7. минута да поведат со 0-1 со голот на Имери.

„Црвено-црните“ веднаш ги консолидираа редовите, креираа неколку убави шанси преку Мато, Омерагиќ и Данев, но голманот Василв беше на висината на задачата.

Вардар сепак стигна до 1-1 пред крајот на првиот дел, Давид Бабунски од пенал реализираше за 1-1 во 40. минута.

Натпреварот практично беше решен во неколку минути во продолжението од натпреварот, кога најпрво Демири беше исклучен и гостите останаа со играч помалку, а Вардар преку Кастанеда направи целосен пресврт и повее со 2-1.

Најтрофејниот македонски клуб победата ја потврди со голот на Мато.

Со овие три бода, Вардар се најде на лидерското место во ПМФЛ, и ќе бие на врвот најмалку до утре.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×