Вардар-Шкупи и Работнички-Шкендија најинтересни парови во осминафиналето од Купот на Македoнија

by
1 минути читање

Денеска беа
извлечени паровите за осминафиналето од најмасовното натпреварување, ждрепката
во Купот на Македонија донесе две дерби пресметки.

Вардар ќе игра против градскиот ривал Шкупи, а зовриените навивачки страсти и
згуснатиот распоред на „Црвено-црните“ поради настапот во Лига Европа
дополнително го прават интересен натпреварот.

Работнички за
противник го доби Шкендија, а бранителот на трофејот, Пелистер ќе игра против
Борец од Велес.

Средбите се
закажани на 13. септември и 18. октомври, но Вардар ќе треба да бара друг
термин поради настапот во Европа.

Двојки
осминафинале Куп на Македонија:

Брегалница – Победа
Работнички – Шкендија
Кожув – Тетекс
Скопје – Еуромилк
Пелистер – Борец
Силекс – Академија Пандев
Вардар – Шкупи
Ренова – Струга Трим Љум

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани