Вардар се засили со поранешен играч на Шкупи, црвено-црните потпишаа со Фаустин Сенгор

by riste
1 минути читање

Вардар донесе уште едно засилување во дефанзивата, се работи за 31-годишниот стопер Фаустин Сенгор од Сенегал.

Сенгор добро ја познава македонската лига, бидејќи има играно за Шкупи во времето кога тренер беше токму Гоце Седлоски.

Сенегалецот последниот настап го имал преклани во редовите на турскиот клуб Гиресунспор.

Ова е 11. засилување за Вардар во јануарскиот преоден рок, претходно потпишаа со Мато, Пинтер, Јанкулов, Маневски, Цикарски, Тодоровски, Спахиу, Талески, Талевски и Матиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани