627
Скопски Вардар објави разделба со Мартин Блажевски. 32-годишниот фудбалер кој сезонава е без настап во ПМФЛ ќе побара нова средина.
Тој пристигна во Вардар во август 2021 година, потоа во сезоната 2022/23 мина шест месеци на позајмица во Скопје, а во минатата кампања одигра седум меча во ПМФЛ. Клубот преку социјалните мрежи му се заблагодари на Блажевски и му посака среќа во кариерата.
Инаку, Мартин Блажевски е дете на Вардар. Во кариерата настапуваше за Металург, Локомотива, Охрид, Тетекс, Гостивар, косовска Дрита, Пелистер, Македонија ЃП, Пелистер, Борец, Скопје и Вардар.