275
На двајцата договорите им истекуваа со крајот на есенскиот дел од сезоната, ФК Вардар информира дека нема да ја продолжи соработката со нив.
Џигаури во клубот дојде минатиот зимски преоден рок, за Вардар одигра 40 натпревари, постигна пет голови од кои четири во првенството и еден во квалификациите од Лига Европа која погоди против Фенербахче во Истанбул.
Итало во Вардар дојде минатото лето, одигра 17 натпревари, постигна четири гола од кои три во првенството и еден во Лига Европа против Розенборг.
Вардар им се заблагодари на двајцата фудбалери и им посака се најдобро во продолжението на нивните кариери.