Вардар сака подолго европско лето, „црвено-црните“ ги почнуваат квалификациите од ЛШ

by
1 минути читање

Вардар ја отвара новата европска сезона, македонскиот шампион посакува таа да трае подолго од вообичаеното, а прва пречка е шведскиот Малме кој важи за фаворит во овој двомеч.

Вардарци не блескаа во подготвителните натпревари, ефикасноста беше голем проблем, но со оптимизам и верба за добар резултат ќе истрчаат на теренот во Малме.

Гоце Седлоски нема големи проблеми со повредени фудбалери, единствено нема да смета на Дарко Велковски и Џамбул Џигаури кои останаа во Скопје.

„Последните две години бевме блиску да го минеме тоа 2. квалификациско коло, но не успеавме. Еве шанса во третата година по ред во оваа фаза, конечно, да се пласираме понатаму. Го респектираме противникот, но шансите постојат и тие шанси кои ќе се укажат ќе мора да ги искористиме и да одиме понатаму. Ова е прв натпревар, и очекувам овој двомеч да биде решен на реваншот во Струмица“ – вели Гоце Седлоски.

„Знаеме дека играме против екипа која е добра која секоја година игра во групната фаза од Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Моите момци се подготвени да го дадат максимумот, да излезат утре, и се надевам со една наша игра на овој прв меч кој следува, ќе оствариме добар резултат. Знаеме дека стадионот ќе биде полн. Но, ние во своите редови имаме репрезентативци кои што имаат играно натпревари со многу публика, и очекувам сите да дадат се од себе за да оствариме добар резултат“.

Вардар и Малме немаат меѓусебни дуели во поновата историја, единствената нивна пресметка се случила во далечната 1952 година кога македонскиот тим победил со 3-1 во пријателски меч.

Натпреварот започнува од 19 часот, без ТВ пренос. Реваншот се игра на 18. јули во Струмица.

Фото: ФК Вардар

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани