139
Вардарци рутински ја одработија задачата против Локомотива, дојдоа до лесна победа и очекувано се пласираа во следното коло од купот.
Вардар поведе во 21. минута со гол на Блажевски, во 30. Исени го зголеми водството на 2-0, а на пет минути до крајот на првиот дел Демири погоди за убедлива предност од 3-0.
Во второто полувреме играта беше многу помирна, Стојановски во 86. минута го намали водството на Вардар на 3-1, а во судиското продолжение Исени со својот втор погодок ги постави конечните 4-1.
Фото: ФК Вардар