Вардар промовираше ново засилување, поранешен репрезентативец на БиХ

by bojan
2 минути читање
Закариќ

Најтрофејниот македонски клуб, Вардар попладнево промовираше ново засилување, во Скопје пристигнува искусниот Горан Закариќ.

„Црвено-црните“ полека го склопуваат тимот за новата сезона, денекса беше потврден трансферот на Сеук Гун Ким од Јужна Кореја.

Попладнево пристигна информација за уште едно засилување, Вардар го соопшти и трансферот на Горан Закариќ.

Тој има 31 година и игра на позицијата крилен напаѓач, а во својата богата кариера има настапувано во Динамо Загреб, Партизан, Железничар, Широки Бријег, Зрински, Локомотива Загреб, Универзитатеа Крајова, Борац Бања Лука, Задар, Славен Белупо и Аиоликос.

Има освено две шампионски титули, една со екипата на Борац БЛ, и уште една со Зрински. Има и две куп титули со екипите на Железничар и Партизан.

Горан Закариќ исто така има и два индивидуална трофеи, бил прогласен за најдобар играч во сезоната, во 2017/18 и 2020/21, настапувајќи за екипите на Железничар, односно Борац БЛ.

За националниот тим на БиХ има вкупно 11 настапи, додека за младата селекција до 21 година има забележано 13 настапи.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани